MAMA

Заблуди поради кои мајките се откажуваат од доење

Многу мајки неоправдано се откажуваат од доењето...

Секое дете на свој начин пристапува кон хранењето, а единствено кај децата е тоа што мајчиното млеко е најдобрата можна храна која може да ја добијат во првите денови од животот. Имајќи го ова на ум, во продолжение ви прикажуваме некои најчести заблуди во врска со доењето, количината и квалитетот на млекото, поради кои многу мајки неоправдано се откажуваат од доењето.

Градите се испразнети

Полните гради не се добар показател за количината на мајчино млеко кое детето го исцицало. Оваа ситуација знае да се менува на неколку часа. Понекогаш навира повеќе млеко отколу што му е потребно на детето… Никогаш не можеме да бидеме сигурни дека детето е најадено или гладно, базирајќи се само на тоа дека градите се полни.

Детето често се буди во текот на ноќта

Фактот дека детето спие цела ноќ, не е показател дека испил доволно мајчино млеко. Напритов, ако детето старо 10 дена спие цела ноќ, најчесто нема јадено доволно. Познато е дека детето кое премногу спие и не бара само за јадење, не добива доволно млеко.

Детето сака шише после подојот

Ако на детето му понудите шише после подојот и тој ја прифати, тоа не мора да значи дека е гладно после доењето, а ваков начин на проверување му штети на квалитетот на доење.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close