Дом и семејство
Е ова сигурно НЕ сте го знаеле – еве за што служи фиоката која се наоѓа веднаш под рерната!
Сите во неа ставаме крпи, фолии, кеси и слични работи, а произведувачите на шпорети ги прават за нешто сосем друго.
Веројатно и вие сте една од повеќето жени кои во фиоката под рерната држат хартија за печење, фолија, капаци или калапи за мафини. Но, без разлика на тоа за што ги користите сега, веројатно не ви користат за она за што производителите навистина ги намениле!
Имено, оваа фиока всушност служи да го одржува јадењето топло! Тоа е топла фиока во која можете да ја ставите храната по печењето и таа ќе остане на температурата за послужување. Ова можете да го проверите и во упатството од шпоретот. Во повеќето пишува: Топлата фиока е осмислена да ја зачува топлината на жешката храна на температура за послужување. Секогаш во неа ставајте ја жешката храна. Студената храна или онаа на собна температура не може да се загрее или свари во топлата фиока.
{youtube}EC_wvo4JJPg{/youtube}
Па ако досега не сте ја користеле за оваа намена, можеби следниот пат ќе ја користите кога гостите ќе ви доцнат, па да не ви се излади ручекот.