Градинка
Воведете му ги овие рутини и вашето дете подобро ќе спие
Рутината е од особено значење кај децата.
Рутината која му одговара на детето е важна за да се спречи борбата околу спиењето, но, прво треба да одредите кога е време за спиење и да водите сметка за тоа дека на децата кои се на предучилишна возраст им треба околу 12 часови сон.
Рутината на децата им дава чувство на контрола над околината и чувство на сигурност, затоа што им овозможува да знаат што ги чека. За да биде ефикасна рутината, најпрво треба да одредите кога е време за во кревет, а потоа да почнете. Експертите препорачуваат дека за децата кои се на предшколска возраст, времето за спиење е помеѓу 19 и 19:30 часот, додека пак од 20 до 21 часот за децата кои се на возраст од 10 до 12 години.
Кога да започнете со рутина?
30 до 60 минути пред одење во кревет на децата треба да им се понуди последната течност пред спиење. Секако, бебињата се изоставени од ова правило. Добро е да ги пригушите светлата, да го изгаснете телевизорот или компјутерот и да ја смирите играта. За тоа време може да пуштите опуштувачка музика или звукови како паѓање на дожд или нешто слично.
Сите овие постапки постепено го подготвуваат детето за крај на играта и возбудливиот ден. Никој не сака одеднаш, без предупредување, да биде прекинат во интересната активност, па така ни децата.
Дневниот одмор е важен
Меѓутоа, ова нема да го олесни заминувањето на спиење ако детето преку ден не добие одредени работи. Пред се’, треба да му обезбедите доволно време на отворено, за да може да ја отфрли вишокот енергија. Дневното спиење во вистинското време е исто така важно. Детето кое спие попладне или пак спие подолго време, навечер може да не заспие во точното време. Исто така ако детето го прескокне попладневното спиење, до крајот на денот ќе биде преморено, па многу потешко ќе се смири и ќе потоне во сон.