Бременост

Во раната бременост бидете особено внимателни на овие 3 работи

Првото тромесечје бидете особено претпазливи...

Од особена важност е првото тромесечје да бидете претпазливи на некои работи, со цел бременоста да ви помине во најдобар ред. Во продолжение ви издвојуваме некои работи на кои треба да обрнете посебно внимание.

Бројот на хранливи состојки, а не калориите

Повеќето жени се свесни која храна е препорачливо да ја избегнуваат во бременоста. Но, посебно треба да се истакне храната која треба да се јаде. Не треба да јадете за двајца, туку да внимавате храната која ја консумирате да биде хранлива, а не калорична.

Дознајте ги знаците на вонматеричната бременост

Вонматерична бременост е кога фетусот се развива надвор од матката. Може да биде опасна по животот на мајката и нема начин да се спаси фетусот. Обрнете внимание на болка во стомакот, крвавење и болка на врвот на рамењата. Посебно силна е болката во стомакот, која жените знаат да ја опишат како убод со нож.

Крвната група е особено важна

Ако имате негативна крвна група (Rh-), а бебето во стомакот позитивна, тоа може да предизвика бројни компликации. Веднаш штом ќе забремените, мора да направите едноставен тест на крвта, со цел да ја дознаете вашата крвна група во случај да не сте ја знаеле претходно.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close