Кафе муабет

Владеењето на Вагата е до 22 октомври – еве кои хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта

Кој ќе ужива најмногу во љубовната магија?

Астролозите ги истакнуваат овие хороскопски знаци на кои сезоната на Вагата им носи најмногу среќа во љубовта.

Близнаци

Близнаците во сезоната на Вагите ги очекува многу флертување, нови познанства и делувања. Ќе се запознаете со многу луѓе, но тоа не значи дека веднаш мора да стапите во врска со некој од нив. Во текот на сезоанта на Вагата опуштено ќе уживате во флертувањето, затоа што сезоанта на Стрелците ви носи нешто сериозно.

Вага

Очекувано за Вагите, ова е најдобриот период на секое поле, па така и на љубовно. Лесно ќе привлекувате внимание, поради што ќе се наполните со самодоверба и ќе прифатите некои работи кои во друг период не би ги прифатиле, како што е приоѓање на фраери или одење на состанок на слепо.

Водолија

Во сезоната на Вагите, Водолиите би можеле да ја запознаат љубовта на својот живот. Овој период ќе ви донесе многу нови познанства и големи се шансите да налетате на некој кој ќе ве шармира. СО оглед на тоа дека знаете дека може да ве освои само некој сличен на вас, слободно може да се опуштите и да бидете свои.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close