Градинка

Важни правила за мајките кои одгледуваат синови: Дајте му љубов, многу љубов!

Мајката е најважната жена во животот на својот син.

Мајакта е првата љубов и првиот учител на синот. Личност чиишто совети ќе ги бара целиот свој живот. Затоа, во продолженеи ви прикажуваме неколку важни совети кои веруваме дека ќе им бидат од корист на мајките кои одгледуваат синови.

Дајте му љубов, многу љубов

Во моментите кога машето малечко ќе ви ја покаже своајта нежна и чувствителна страна, па ќе ве прегрне и ќе ги сака вашите допири, тогаш не штедете ги своите чувства. Бакнувајте го, гушкајте го и галете го колку што можете повеќе.

Научете го да ги извршува домашните работи

Ако вашиот син ве гледа додека готвите, чистите или подготвувате алишта за перење, дозволете му да ви помага во тоа. Објаснете му што правите и обидете се дел од обврските симболично да му ги префрлите нему. Кога вашето бебе ќе стане големо момче, тогаш тие работи повеќе нема да му бидат интересни, но ќе знае се’ да работи и ќе може лесно да стане самостоен.

Покажете му примери за добар маж

Вашиот син ќе биде опкружен со многу ликови, а вие погрижете се да го запознаете со мажи кои „владеат со светот“, но не со сила, туку со својот памет. Писатели, сликари, нобеловци…

Покажете му примери за добри жени

Освен надворешниот изглед на спротивниот пол, погрижете се вашето дете да дознае за жените кои се избориле за нешто со својот талент, знаење, упорност.

Поттикнете ја неговата нежна страна

За разлика од девојчињата, момчињата не сакаат да ги покажуваат своите чувства, а тој природен инстинкт не им овозможува да ја искажат својата нежност. Покажете му што значи нежност и дозволете му сам да ја почувствува и да ја искаже кон бебињата, животните, растенијата, но и кон другите возрасни и деца.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close