Бебе

Вагиналното „расцепување“ за време на породувањето – статус на познатата манекенка предизвика бројни коментари на Твитер

Познатата манекенка Криси Тајген често знае да ги споделува своите искуства на тема породување, доење и воспитување на децата, а ова е еден од оние нејзини коментари кои го поддржаа многу мајки од целиот свет.

Имено, Криси која со пејачот Џон Леџенд ја има ќерката Луна и синот Мајлс, на Твитер сподели дека по второто породување се чувствувала многу подобро и дека постпородилниот период го поминала многу полесно.

„Можам да ви потврдам дека постпородилниот живот е 90 отсто полесен кога нема да испукате до анусот“, напиша таа.

View this post on Instagram

a splash with toons

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Некои нејзини обожаватели од ваквиот статус се згрозија, други го окарактеризираа како најдобриот облик на контрацепција, а некои мами се придружија во коментарите и ги опишаа своите случаи на кинење на перинеумот и шиењето по породување. „Добредојде во клубот. Кинење од четврти степен“, напиша една од нејзините обожавателки во коментарите додека друга додаде: „Амин сестро! Имам 76 шевови за првото бебе. Бебе број 2 и 3 – без шевови, непроценливо“ напиша друга мама.

Инаку, за оние кои не знаат што зборуваат овие мами – таканареченото вагинално „расцепување“ е едно од најчестити последици по породувањето. При излегување на бебето низ вагиналниот канал кожата помеѓу вагината и анусот мора поприлично да се растегне како би можело да овозможи да помине главата на бебето. До спонтано пукање најчесто доаѓа кога бебето е големо, кога станува збор за прво породување или кога бебето е во неповолна положба.

View this post on Instagram

If you haven’t seen @aliwong’s new Netflix special, you are bad at picking Netflix specials #asianpearunderwear

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Постојат повеќе степени на вагинално „расцепување“, а ваквото кинење на перинеумот од четврт степен бара поголемо медицинско внимание и подолго време за закрепнување, пишува „Health“.

Tags

Препораки

Close
Close