Бременост
Ублажете ги утринските мачнини во бременоста со помош на овие совети.
Утринските мачнини се многу честа појава и најчесто се појавуваат во првите три месеци од бременоста.
Утринските мачнини се многу негоздни и ги искусуваат од 50 до 70% од жените. Почнуваат отприлика од околу 6 недела во бременоста, а најлоши се во 8 и 9 недела. На некои тоа им се случува наутро, на некои навечер, а честопати се случува мачнините да се провлекуваат во текот на целиот ден.
Иако не траат во текот на целата бременост, туку во просек околу 17 недели, може да бидат многу незгодни за идната мајка. Сепак, со правилен избор на намирници кои ги внесувате и позитивно размислување, може да го намалите влијанието на хормоните кои предизвикуваат мачнини.
Во продолжение ви прикажуваме неколку совети кои може да ви помогнат да ги ублажите мачнините во бременоста.
1. Избегнувајте храна која тешко се вари или не е здрава. Тоа најмногу се однесува на брзата и пржена храна.
2. Пијте многу течности: вода, лесни чаеви и сок од цитрусно овошје кое може да ви помогне во чистењето на телото.
3. Ако чувствувате мачнина додека патувате или одите на работа, променете го времето на оброк: јадете или пред заминување на работа, или штом ќе стигнете на работното место.
4. Јадете овошје како што се јаболки, круши, бобинкасто овошје кое ќе го ублажи чувството на мачнини.
5. Создадете навика за пиење билни чаеви.
6. Кога ќе почувствувате мачнина, легнете и одморете секогаш кога сте во можност. Експертите велат дека тоа може да ви помогне и да не размислувате за мачнините, а навистина може да ви помогне. Читајте книга или весници или занимавајте се со некое лесно хоби, што ќе ви помогне да не мислите на мачнините.