Бебе

Мајката роди бебе со Даунов синдром и го напушти, па таткото реши да го чува сам!

Приказната на овој татко ќе ве расплаче

Мајката не можеше да се соочи со своето дете кое што се роди со Даунов синдром, па реши да го напушти.

Но со малиот Миша остана неговиот татко.

Имено, откако мајката реши да го напушти бебето со Даунов синдром, таткото реши да го чува сам.

Евгениј Анисимов (33) од Русија не можеше ни да помисли да го остави своето дете во дом за сираци, како што сугерираше неговата сопруга.

Неговиот син Миша се роди со Даунов синдром, а неговата мајка не можеше да се носи со тоа па реши да ги остави.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

Тогаш таткото реши сам да го чува детето.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

Тој реши својата приказна да ја сподели со светот и да покаже дека овие деца се прекрасни, но и да ги мотивира и другите родители да не се откажуваат, туку да соберат сила и храброст и да се соочат со предизвиците, посебно кога се во прашање нивните деца.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

Децата со Даунов синдром имаат прекрасна, ведра и оптимистичка личност, а затоа често и ги викаат децата на сонцето.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

Доколку растат во здраво и среќно семејство, имаат шанси за нормален живот. Евгениј е убеден дека едукацијата е мошне важна бидејќи незнаењето води до страв и предрасуди, но и драстични потези каков што направи и неговата сега веќе поранешна сопруга кога реши дека треба да ги остави.

„Моментот на среќа по неговото раѓање траеше точно една минута и 39 секунди кога докторот ни кажа ‘Се плашам дека бебето има Даунов синдром’“.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

„Не знаев што да направам, но затоа сметав дека мојата задача е во тој момент да ги исклучам емоциите и да ја поддржам сопругата бидејќи верувам дека ќе и биде тешко“, се присеќава Евгениј на денот кога му се роди синот и додава дека потврдата за дијагнозата ја чекаа неколку дена.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

Плачел кога излегувал од болницата

„Не плачев некое време, но подоцна солзите не можев да го сопрам. Во мојот живот ништо не се промени. Се се’ случи како што се договоривме, ми се роди син“, вели гордиот татко присеќавајќи се на овие моменти. Тој истата вечер седнал на компјутерот и почнал да истражува се во врска со дијагнозата која што ја има неговиот син, како и за децата што боледуваат од Даунов синдром,

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

„Не знаев ништо за оваа дијагноза“.

„Се сетив само на страшната фотографија од Советскиот учебник по биологија, Отидов на интернет и истражував. Дознав за Евелина Бледас и нејзиниот Сенјон, кој е роден во истото породилиште како и мојот Мишка“.

„Дознав дека во Европа луѓето со Даунов синдром се добро социјализирани, дека можат самостојно да живеат и работат“, раскажува тој.

Но неговото знаење не го промени расположението на неговата сопруга. Таа реши да го напушти детето, а Евгениј пак реши да го посвети својот живот на него. Тој набргу ќе се раздели од сопругата и така ќе започне неговиот нов живот. Станав самохран татко на дете на сонцето.

И покрај тоа што се обидувал да ја предомисли сопругата, ваквите обиди останале неуспешни. Тогаш нешто се прекршило во него.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

До тогаш заради односот кон сопругата пријателите го нарекувале папучар, но сега Евгени реши да биде силен. Но тоа ќе го донесе до крајот на врската, за која денес вели дека најверојатно таа тоа го направила од страв.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

„За мене е сосема нормално и природно да сум со мојот син на кој сум му потребен. Миша го воспитувам најдобро што знам и умеам“, заклучува Евгениј. Негова голема желба е со својот пример да ги инспирира и останатите луѓе од целиот свет кои се во слична ситуација да бидат храбри.

На социјалните мрежи ден-денес споделува фотографии со малиот Миша, а некои од нив погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов
Фото: Инстаграм/ Евгениј Анисимов

Извор: Телеграф.рс

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close