MAMA

Како да создаде одговорни деца: Ова се пет чекори за учење на одговорност

Преземањето одговорност за сопствениот живот и за сопствените постапки е една од ставките со кои се борат и многу возрасни луѓе. Но ако уште сега го научите детето работата да ја сфаќа како радост, а не како товар, на добар пат сте да воспитата одговорно дете.

Учејќи за одговорност, децата учат како да функционираат во општеството во кое живеат, а потоа и како со тек на време да станат личности кои ќе ги извршуваат своите должности и задачи, а притоа да бидат свесни за своите избори и последиците кои доаѓаат со нив.

Еве како тоа може да го постигнете.

1. На почетокот задачите претставувајте ги како игра и почнете што порано

Учењето на одговорност не вклучува само местење на своите играчки, собата или поставувањето на масата, но токму тие се елементи од кои треба да се почне, и тоа порано во животот на детето. Кога детето ќе може самостојно да оди и да ги разбира основните реченици во конверзацијата, што кај повеќето деца е исполнето меѓу втората и третата година од животот, почнете со едноставни задачи како средување на плишаните играчки во корпа или миење на заби пред спиење.

Секоја ваша одлука со себе носи последици, а тоа може да почнат да го сфаќаат и тригодишните деца.
Меѓутоа, важно е детето тоа да го сфати како игра. Можете да му понудите и некоја награда како читање на приказна. Секако избегнете ја замката за наградување со материјални работи или храна зошто од тие навики подоцна тешко ќе се ослободи.

2. Бидете му пример и покажете му на детето како се прави тоа

За да научи детето да биде одговорно, неопходно е и родителот да го види како таков, иако се до подоцнежното детство нема да го разбере самиот збор одговорност. Но сигурно ќе го разбере однесувањето кое го гледа.

На пример, ако детето гледа дека неговите родители и другите членови од семејството средуваат зад себе, се држат до одлуките кои ги донеле, јасно ги изразуваат своите емоции и ја прифаќаат одговорноста за својот живот, детето несвесно ќе го копира таквото објаснување. Секако, важи и другата крајност, во која неодговорното дете е резултат на неодговорни родители.

3. Поставете правила

Кога ќе учите на детето одговорност, важно е да знае дека во општеството во кое живееме, важат одредени правила што треба да ги почитуваме за да имаме заеднички задоволувачки живот. Семејството е микро свет на детето, но исто така тука се подготвува за она што го чека „надвор“. Затоа е важно да се знае дека секое однесување носи со себе одредени правила.

Ако постојано ги поправате работите што ги прави детето, тоа ќе го протолкува како порака дека не е доволно добар.

На пример, ако го учите детето како да се грижи за домашно милениче, важно е да знае со што и кога да го храни, колку пати на ден треба да оди на прошетка, дали треба да го четка неговото крзно и слично. Постарите деца сигурно полесно ќе го разберат овој концепт и ќе можат сами да се грижат, на пример, за куче или мачка, но добро е да се започне што е можно побрзо, со неизбежна родителска помош.

4. Немојте постојано да ги „поправате“

Немојте да имате нереални очекувања дека детето ќе биде совршено во она што го очекувате од него на почетокот. На пример, ако сте почнале да го учите како да си го мести креветот или да ги средува своите играчки, не очекувајте дека креветот ќе биде совршено затегнат или кадифените играчки ќе бидат прикажани како во излог. И уште поважно – не го поправајте тоа.

Детето ќе го протолкува ова како порака дека само по себе не е доволно добро, а со текот на времето може да се развие во отпорност на одредена активност, дури и на самите родители. Децата се сеќаваат на тоа, верувајте, дури и неколку децении подоцна.

5. Запознајте ги со последиците од нивните одлуки

Секоја наша одлука со себе носи последици, а тоа децата може да почнат да го сфаќаат веднаш по третиот роденден. На пример, ако детето му ветило на некој другар или другарка дека ќе дојде на роденден, родителите мора да се погрижат тоа ветувае да се оствари.

Ако го запишат на некој воннаставна активност како спорт, мора да знаат дека таа нивна одлука со себе носи и обврска за одење на тренинзи, натпревари како и голема доза на откажувања. Во секоја ситуација во која можете, објаснете им што значи одговорно да се однесуваат кон себе и кон другите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close