Градинка

Спречете ги децата да си го искриват вратот додека гледаат во телефонот

Во денешно време децата се' почесто го користат телефонот.

Вашето дете е на каучот, лежи со телефонот или таблетот во рацете и непрекинато држи искривен врат. Да, оваа слика им е позната на повеќето родители. Едно истражување покажало дека и пред пандемијата со коронавирусот, децата поминуваа околу 33 часа неделно користејќи различни екрани.

Оваа позиција, во која главата е сосема искривена надолу, стана секојдневие. Навиката може да се задржи многу долго, дури и во текот на целиот живот, па многу е важно да ја спречите оваа лоша положба. Ви издвојуваме три начини за зајакнување на мускулите околу вратот кај децата.

1. Започнете го денот со вежби

Потребно ви е само пет минути наутро кога ќе станете. Застанете во ложоба на колената и рацете поставени паралелно. Истегнете го ‘рбетот заедно со вратот и главата на горе, а потоа на обратна страна. Можете да си играте – со носот да правите кругови по ѕидот додека стоите, или пак додека лежете да ги цртате на подот.

2. Прилагодете ја положбата

Кога детето користи телефон или таблет, објаснете му дека треба телефонот да го приближи кон главата, а не главата кон телефонот. Покажете му пример како да го прави тоа. Ако седи на стол со биро, нека мониторот биде во висина на очите, а тастатурата и лактовите нека бидат поставени рамно. Стапалата нека му бидат поставени рамно на под. Промената на навиките во секојдневната положба бара доста време и трпение, имајте го ова на ум.

3. Вежбајте правилно седење

Повеќето столови не се прилагодени за висината на децата. Затоа, обидете се да ги прилагодите како што им одговараат. ‘рбетот треба лесно да се постави во природна позиција. Можете на детето да му дадете и самите пример како треба да седи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close