Дом и семејство

Основни совети за ваша безбедност и безбедност на вашето семејство во случај на поплави

Поплавеното подрачје треба да го избегнуваат малите деца, бремените жени и луѓето со здравствени проблеми се додека истото не биде исчистено.

Првиот приоритет при настанување на поплави од вакви размери е да го заштитите сопствениот живот и животот на вашето семејство!

Кога ситуацијата е алармантна ќе бидете евакуирани или можеби на време и самите ќе се преселите кај пријателите и роднините. Задолжително треба да ги следите упатствата на надлежните итни служби за евакуација, а доколку одлучите да останете во сопствениот дом држете се до следниве совети.

Поплавените води можат да бидат контаминирани (загадени), па во такви ситуации неопходно е да го направите следново:

Потребно е да носите гумени чизми и ракавици.

Малите деца, бремените жени и луѓето со здравствени проблеми треба да ги избегнуваат поплавените подрачја се додека санацијата на теренот не биде завршена.

Ако случајно голтнете контаминирана вода, задолжително консултирајте се со доктор и задолжително кажете дека вашата куќа е поплавена.

Не приоѓајте на место кое не е сигурно!

Не приоѓајте на местата на кои водата подолго време стои и на кои брзо протекува. Колку и да сте добар пливач, ризикувате да се удавите.

Дури и плитката вода што стои е опасна за малите деца!

Не потпирајте се на автомобилите и на другите возила бидејќи не можат да ве спасат од надојдената вода – тие во некои ситуации се и најнебезбедни.

Доколку морате да одите на место кое што е поплавено движете се споро и внимателно. Претходно облечете се во облека која не пропушта вода и користете стап за да проверувате каде се движите за да не завршите во некоја дупка.

Исклучете ја струјата во целата куќа. Добро проверете дали сите штекери, прекинувачи, фасонки и бушони се исправни особено ако биле во допир со водата од поплавите.

За да бидете потполно подготвени за ваков вид непогоди, прочитајте ги тука главните мерки за заштита на вашиот дом за време на поплави.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close