Градинка

Совети како да им помогнете на вашите деца да не се плашат од темнината

Стравот од мрак е многу чест кај децата.

Една студија покажува дека дури 54% од возрасните, стравот од мрак го ставаат во своите пет главни стравови. Затоа, не не’ чуди ни фактот дека и многу деца развиваат страх и честопати замислуваат чудовишта под своите кревети.

Но, ви прикажуваме неколку едноставни начини со кои можете да им помогнете на вашите малечки да се ослободат од овој страв.

Послушајте го своето дете

Првиот чекор кој треба да го направи секој родител би требало да биде сериозното сфаќање на детскиот страв и негово сослушување. На неговото тврдење дека има чудовишта под креветот, не треба веднаш да им одговорите со: „таму нема ништо“. Таа изјава би можела да ги наведе кон погрешен заклучок, односно, дека чудовиштата под креветот постојат и дека секој родител треба да ги истера.

Наместо тоа, прашајте го точно зошто се чувствува исплашено и покажете му дека ги разирате неговите стравови. Најважно е да му покажете на детето дека е на сигурно и да му кажете дека сте тука за него, во кој било момент кога ќе се чувствува исплашено.

Пофалете ја неговата храброст

Истражувањата покажале дека позитивните афирмации може да го променат начинот на кој размислуваме. Тоа значи дека ако самите себеси неколку пати си кажеме нешто позитивно, со текот на времето ќе почнете да верувате во тоа.

Така, ако на своите малечки им упатите позитивни зборови и ги пофалите дека се храбри бидејќи се соочуваат со нивниот страв, тоа многу би можело да им помогне да го совладат тој страв.

Претворете ја мрачната соба во интересна игротека

Вашето дете можеби мракот го доживува како нешто застрашувачко и опасно, па затоа, би можеле да го промените начинот на кој тој ја гледа својата соба и како се чувствова. На пример, заедно можете да огранизирате куклена претстава во мрак, да си играте со светилки и други предмети, а дури можете заедно да си играте со други играчки кои светат во мрак.

Во тој случај, детето би можело таа соба да ја поврзува со нешто што таму може да биде забавно, а тоа ќе резултира со намалено чувство на страв.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close