Кафе муабет
Совет од познат психолог: Бегајте од маж кој бара слаба жена!
Бегајте од мажи кои се во потрага по жена која постојано ќе им се покорува.
Многу жени се „топат“ кога мажите ќе им кажат дека бараат „слаба“ жена. Тие мислат дека на мажите имт реба женствена жена, која ќе сака галење, но еве во што е суштината: Тие мажи бараат покорна жена. Не сакаат договор во бракот. Тие бараат некој кој слепо ќе ги слуша и следи.
Секако, ним не им е пријатно јавно да признаат дека сакаат покорна жена, па велат: Јас сакам слаби жени. Покорна жена која ќе го прави она што ќе ѝ се каже, која лесно ќе се сложува на се’ што ќе ѝ се каже.
Да бидеме отворени: Силните мажи не сакаат слаба жена покрај себе. Слабите жени бараат моќни мажи и тоа е огромна разлика.
Мажот кој бара „слаба“ жена вели дека ќе се грижи за неа, но тука е главниот проблем. Овие жени не добиваат грижа, тие се под старателство на тој човек. Во тоа е разликата. Вниманието е грижа за некоја личност, а старателството е одржување на живот некоја личност која не е способна да се гриже за себе.
Во овој случај, слабата жена станува неспособна, затоа што е слаба. Со еден збор – мажот одлучува за неа. Тој одлучува каде да оди, со кој ќе се дружи, што да облече, што да гледа на телевизорот и сл. Затоа што тој е јак, а таа е слаба. На крајот, работите се сведуваат на еден обичен притвор. Во меѓувреме, таа слаба жена грижата ја доживува како нешто добро.
Таквите мажи се способни и да дигнат рака на нивната жена, а се’ со образложение дека тоа „е за нејзино добро“. Мажот тогаш ги оправдува своите постпаки велејќи дека жената мора да биде послушна и слаба, за тој да може да биде маж.