Градинка
Ситуации во кои МОРА да му дозволите на вашето дете да згреши
Ако не искусите неуспех - никогаш нема да успеете.
Повеќето од нас се плашат од неуспех, без оглед на тоа што на крај тоа може да ни донесе добро. Самите себеси мора да си дозволиме неуспех и грешки, но исто така тоа треба да им го дозволиме и на сопствените деца.
Во следниве 4 ситуации родителите мора да му дозволат на своето дете да згреши, затоа што така учи за животот и подобро да се снаоѓа во него.
Погрешни пријатели
Речиси секое дете има некој пријател за кој неговите родители знаат дека не влијае добро на него, но сепак, не треба премногу да се мешате во изборот на детето.
Децата, особено во средно училиште, „испробуваат“ пријатели исто како што испробуваат различни ситуации во потрага по сопствениот идентитет. На тој начин учат не само за пријателствата, туку и за различните профили на луѓе.
Спортски и други натпреварувања
Важно е децата да се натпреваруваат, не мора секогаш да победуваат. Не очекувајте од вашето дете постојани одлични резултати, затоа што тоа ќе создаде преголем притисок на него и ќе го оптерети, без да ја почувствува забавата и вистински да го доживее искуството.
Домашни работи
Детето понекогаш мора да искуси нешто, да згреши па да научи. На пример, ако правилно не ја наместил машината за садови, коишто не се измиле добро, ќе мора да ги измие на рака. Ако не ги стави своите алишта за перење, наредниот ден ќе мора да оди со гнасни алишта, па најверојатно друг пат ќе постапи правилно.
Домашни задачи
Оценките и учењето се важни, а родителите мора на детето да му објаснат што се очекува од него. Но, сепак, на детето треба да му дозволите да има барем делумна контрола над своите школски должности и да не го оптеретувате постојано со вашите очекувања. Ако не ја изврши домашанта задача или не ја научи лекцијата, ќе мора самото да ги сноси последиците во училиште.