Uncategorized
Што да ѝ подарите на вашата омилена бремена пријателка за овие празници?
Со овие подароци сигурно нема да промашите!
Повеќето мајки ќе се сложат со тоа дека бременоста е многу подобра во зима, отколку во лето. Нема високи температури и прекумерно потење, а за дополнително да уживате во тој период, ви прикажуваме неколку предозли со кои можете да ја развеселите секоја бремена жена.
Топли анатомски обувки
Промените со кои се среќаваат жените во бременоста може да бидат голем предизвик. Килограмите се насобираат, се појавуваат грчеви во мускулите, болки, зглобовите стануваат нестабилни… Баш поради тоа што стапалата трпат голем товар, обувките за бремените жени треба да бидат одбрани со внимание.
Удобни перничиња во разни облици
Квалитетниот сон и одмор и тоа како им се потребни на идните мајки, затоа што по доаѓањето на бебето тие нема да спијат одреден период. Вистинско решение е перница за бремени жени, која ќе им овозможи да си ја најдат положбата која им одговара.
Правосмукалка која сама си ја врши работата
Замислете уред кој ги чисти подовите за вас, а вие да не станете од кревет. Звучи како научна фантастика, зарем не?! Ако сакате да импресионирате некоја бремена жена, оваа роботска правосмукалка е совршен подарок.
Поради поголемиот стомак, бремените жени не можат многу да се наведнуваат и да ги извршуваат домашните задачи, како што тоа го можеле пред неколку месеци (а партнерот никогаш не чисти темелно). Додека роботската правосмукалка работи, бремената жена може да одмара.
Козметика за идната мајка
Секоја жена сака да добие некој крем, парфем или шминка, само што тие приоритети во бременоста се менуваат. Како што се растегнува кожата, секојдневно треба да се користат посебни производи кои ја поттикнуваат нејзианта влажност и еластичност, посебно за градите, стомакот и колковите.