Uncategorized

Секој родител ќе се препознае барем во една од овие ситуации

Родителството носи многу нови исксутва...

Да се биде родител воопшто не е лесно. Тогаш учите за многу свои способности за кои не сте ни знаеле дека постојат, а некои „чудни“ ситуации ви стануваат секојдневие. Сигурни сме дека вие како родител сте направиле барем една од овие работи.

1. Подготвено ја испружувате ракате за некој во неа да може да ја поврати храната.

2. Поминувате 20 минути барајќи го едниот изгубен чевел… и тоа се повторува многу пати.

3. Ја оставате количката полна со намирници додека сте во маркет, зашто некој веднаш и итно мора да оди во вц.

4. Сте се карале зашто во зима не може да се носат кратки хеланки…

5. Честопати сте објаснувале дека во јавност не може да се носат пижами.

6. Сте се разбудиле со нечија нога во лицето.

7. Кога имате мали деца дома, елката никогаш не е накитена онака како што била првиот пат.

8. Секогаш туѓата играчка е подобра, поубава и попривлечна. Секогаш!

9. Новата играчка е многу, многу интересна. Но, само првиот ден!

10. Трчате од дома со дете кое вреска, зашто доцните, држејќи му ја облеката в раце, зашто блузата може да се облече и во автомобилот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close