Градинка

Родителски навики кои понекогаш може да му штетат на детето

Понекогаш со своите најдобри намери правиме големи грешки.

Родителите им го мислат најдоброто на своите деца, но понекогаш прават некои вообичаени грешки, во кои веруваме дека повеќето ќе се препознаат. Еве за кои станува збор.

Се однесувате премногу заштитнички

Децата се желни да учат, да испробуваат и да истражуваат. На возраст од 2 до 7 години малите почнуваат да учат и за причините и за последиците. Ако не им е дозволено да набљудуваат, испробуваат и експериментираат, децата нема да ги научат последиците од одредени постапки. Така, со текот на времето ќе развијат страв кон новите работи и истражувањето.

Психолозите тврдат дека ако го спречиме детето да истражува од страв дека ќе се повреди – тоа ќе развие страв да презема иницијатива и ќе стане зависно од родителите. Дајте му ја на детето потребната слобода да истражува. Дозволете му да прави грешки, затоа што така и почнува да учи.

Ги игнорирате детските прашања

Повеќето деца се љубопитни. Сакаат да научат се’ околу нив. Децата на возраст од градинка се познати по својата љубопитност, поставуваат илјадници прашања, а некои родители ги игнорираат таквите испитувања затоа што мислат дека децата премногу прашуваат.

Ако родителите ги игнорираат детските прашања или едноставно одговараат со „доста“, за да го замолчат детето, на тој начин го учат детето дека не смее да се изразува. Детето ќе научи да ги држи чувствата за себе и ќе развие лоши комуникациски вештини.

Кога не знаете што да му одговорите на вашето дете, речете му дека не го знаете одговорот, но дека ќе го дознаете што е можно побргу.

Постојано викате

Вашите деца зборуваат како вас. Ги користат вашите зборови, го имитираат вашиот тон и вид на говор. Ако викате, било на нив или на другите околу вас, и вашите деца ќе научат да викаат. Ако пцуете, порано или подоцна и децата ќе го научат тоа.

Прифатливо е да го зголемите тонот или да зборувате поостро кога сакате да ги карате вашите деца за што или да им соопштите нешто важно, со цел да привлечете внимание. Меѓутоа, секогаш треба да се воздржите од викање или пцуење на децата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close