Дом и семејство
Родители, размислете добро – поучна приказна за таткото и ќерката
Кратка приказна по која цврсто ќе сакате да ги прегрнете своите најмили...
Едно девојче украсувало мала кутија со златна хартија, за да ја стави под елката. Кога татко ѝ дознал дека девојчето потрошило многу пари за ролната од таа скапоцена хартија, се налутил и ја казнил. Следното утро девојчето го донело подарокот за својот татко.
„Тато, ова е за тебе“ – рекло девојчето.
Кога ја отворил кутијата и видел дека е празна, таткото повторно се налутил.
„Зар не знаеш дека кога некому даваш подарок, треба да има нешто во него?“, ја прашал ќерка си.
Девојчето го погледнало таткото со солзи во очите.
„Тато, но подарокот не е празен, исполнет е со моите бакнежи за тебе“, одговорило девојчето.
Таткото бил запрепастен. Се чувствувал многу непријатно и само цврсто ја прегрнал својата ќерка и ја замолил за прошка. Долги години човекот ја држел кутијата покрај креветот.
Кога се чувствувал тажно, осамено и скршено, тој ја отворал кутијата и помислувал на љубовта која неговата ќерка ја сместила таму. Тоа секогаш му го подобрувало расположението.