Градинка

Расположението на таткото има големо влијание врз развојот на детето?

Истражувањата покажуваат дека татковото расположение е поврзано со развојот на децата.

Честопати расположението на мајката влијае на сите оние кои живеат под ист кров со неа. Тоа е одговорност која на мајките воопшто не им е лесна.

Но, сега едно ново истражување пронаоѓа силна врска помеѓу татковото расположение и менталното здравје и развојот на децата. Се чини дека мајкките не се единствените кои треба да водат сметка за нивото на стрес!

Истражувањето опфатило 730 семејства, претежно со низок доход, и стресот кој се однесува на родителството. Истражувачите утврдиле дека кога татковците се значително под стрес и покажуваат депресивни симптоми, развојот на говорот кај децата е неповолен.

Имено, децата имале послаби јазични вештини на возраст од 3 години. И додека и двата пола биле тестирани на низа когнитивни способности, интересно е дека стресот и менталното здравје на таткото како родител повеќе влијаело на јазичниот развој на синот, отколку на ќерката.

Исто така интересно е дека кога ќе се земе предвид позитивното влијание на мајката, расположението на таткото и понатаму е важно.

Резултатите велат: Татковци, вие им сте важни на своите деца, па така, мора да се грижите и за себе. Татковците не би требало да се чувствуваат понижено, само затоа што ќе им биде потребна помош од некого. Семејството и здравјето се пред се’!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close