Градинка

Работи во домаќинството кои децата можат да ги работат, а родителите не им дозволуваат

Децата се многу поспособни отколку што мислиме.

„Секогаш велев дека мојата цел во одгледувањето на децата е да ги научам на сите работи кои и јас самата ги имав усовршено. Чистење, миење садови, пеглање, спремање… сите основни работи. До моментот кога моите деца ќе заминат на факултет и ќе се отселат од мене, ќе можат да го водат домот како професионалци“, пишува на својот блог Гретчен Босио, мајка на четири деца.

Нејзините деца се далеку од својата тинејџерска возраст. Најстарото дете неодамна наполнило осум години, а најмладото има година дена. Другите две имаат три и шест години. Иако и таа, и секоја друга мајка верува дека децата треба да бидаат деца, да си играат и да се опуштаат, исто така верува дек има многу да се научи за краткиот период кој го поминуваат под ист кров.

„Децата се многу поспособни отколку што мислат родителите, а кога мајките ќе станат како Мери Попинс – сета работа која треба да се изврши станува едноставна и забавна“. Никогаш не е премногу рано за да се почне, смета оваа мајка. Еве кои домаќински работи таа се труди да ги научи своите деца.

Работи во домаќинството за мали деца

  • помош за пребирање на играчките
  • помош при празнење на садовите (детските садови и приборот за јадење)
  • раскревање на приборот после јадење

Работи во домаќинството за деца кои се на предучилишна возраст

  • прибирање на играчките во кутиите или кошевите кои им одговараат
  • бришење на масата после јадење
  • местење на детскиот кревет, играчките и слично
  • поливање на цвеќињата

Работи во домаќинството за деца кои само што тргнале на училиште

  • чистење со правосмукалка
  • грижа за помлад брат/сестра
  • бришење прашина
  • метење
  • празнење на машината за садови
  • припрема на некој поедноставен оброк

Затоа, мајки, дајте им ја метлата на вашите деца. Можеби нема да метат толку добро како и вие, но тоа не е ни поентата. Важно е да учат и да вежбаат, а на вас останува да ги поттикнувате и мотивирате.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close