Кафе муабет

Пуштете ги другите да го живеат својот живот, а вие пронајдете го својот пат

Откажете се од глумењето, прифатете ги луѓето онакви какви што се.

Кога ќе ти биде преку глава од менувањето поради другите и ќе ги бараш оние луѓе кои се менувале поради тебе, ќе сфатиш дека тоа било само еднонасочна улица. Си давала, а не си добивала ништо назад. Си поминувала стотици чекори поради другите, но на нив им било тешко да направат и само еден.

Со часови ги слушаше туѓите болки, но кога самата сакаше да се потпреш некому, немаше кој да те слуша и гледа, немаш некој кој ќе сочувствува со твојата болка, како што ти го правеше тоа. По одредено време сфаќаш дека иако си имала некој покрај себе, секој си живеел во свој свет…

Само никогаш не си го поставувај прашањето: Каде погрешив? Добрината и довербата во другите не се грешка. Луѓето едноставно се такви и не можеш да ги менуваш. Се’ што можеш е да си расчистиш во својата глава и што помалку да се нервираш поради грешките на другите. Пуштете ги другите да го живеат својот живот, а вие пронајдете го својот пат.

Кога ќе го направите ова, ќе видите дека на тој пат брзо ќе пронајдете луѓе кои ќе ве почитуваат и ќе ве ценат како капка вода на дланка. Откажете се од менување поради другите. Прифатете го светот онаков каков што е.

Единствено што можете е да размислите и да донесувате помудри одлуки. Размислувајте за последиците, верувајте дека се’ има смисла и дека светлата страна ќе ја видите само ако имате светла страна во себе. Негувајте ја таа страна без оглед на мракот околу вас. Само таа може да ти биде патоказ во овој чуден свет.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close