Градинка
Примери кои покажуваат како правилно да разговарате со вашето дете
Како правилно да разговараме со детето а притоа да не го обесхрабруваме?
Рускиот психолог Михаил Лабковски составил табела на секојдневни примери за правилна и неправилна комуникација.
Обраќајте им се на децата без навредување и понижување, без истакнување на лошото, туку насочување кон доброто, па децата полесно ќе ве послушат.
Неправилно
Не оди во барот!
Не викај!
Не јади толку брзо, ќе се задавиш!
Ќе паднеш!
Немој после да ми плачеш!
Тргни веќе, до кога ќе те чекам?!
Глув/а ли си? Ме слушаш ли што зборувам?
Кој ти дозволи да разговараш така?
Нема шанси да ти успее тоа!
Правилно
Заобиколи го барот.
Зборувај потивко, те молам.
Полека жвакај ја храната.
Биди внимателен/а.
Размисли за последиците.
Време е да тргнеме, поздрави се.
Слушај ме, те молам, што ќе ти кажам сега.
Во нашето семејство не се разговара така.
Обиди се. Ако не пробаш, нема да знаеш.