Кафе муабет

Прекрасна фотографија од еден татко која зад себе крие емотивна приказна

Моќна фотографија од еден татко кој го држи своето бебе.

Леилани Роџерс е фотограф чијашто мисија е на некој начин да ја сочува среќата на паровите и нивното растечко семејство. Прилично е сигурно дека ја постигнала својата цел со фотографирање на овој татко кој го држи своето новородено бебе, ќерката Евелин Елизабет.

„Ова е приказна за мајка и татко кои поминале низ губење и упорност, за да го добијат своето дете“, објаснува таа на Фејсбук, каде што ја споделила фотографијата.

„Таа тетоважа ја направил по првиот абортус, а сега неговата ќерка слатко лежи со главата на неа. И двајцата се победници“, додава таа.

Прекрасно е да се гледа возразен човек како плаче над своето ново бебе, а во овој случај можете да ја почувствувате сета љубов и сите емоции како течат низ неговите солзи. Не само што фотографијата е навистина убава, туку е и симбол за надеж на другите парови кои се борат со неплодност.

Иако траел 40 часа, парот останал силно поврзан и во текот на целото породување.

„Јас сум присутна во текот на целото породување на секој од моите клиенти. Морам да бидам подготвена да ги фатам емоциите како овие, пред да се случат. Всушност, јас ги предвидувам“, објаснува таа.

Прекрасно и инспиративно семејство! Евелин е среќно дете затоа што е опкружена со толку љубов уште од првиот ден.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close