Градинка

Поставување граници: Како на детето да му кажете „не“ на поинакви начини?

Сигурно и вашето дете после „не“ почнува силно да вреска...

Не ви е јасно зошто детето не ве слуша кога му велите да престане да ги кине цвеќињата и да го тегне домашното милениче за опашот? Тогаш ви донесуваме неколку идеи кои ќе ви помогнат да ги смените вашите рекации во различни ситуации, па на детето да му забраните нешто, без да изговорите „не“.

Храната е за играње, а не за фрлање

Децата едноставно сакаат да си играат со храна и нив храната им е како играчка. Но, наместо да му викате на детето додека ги фрли макароните по подот, земете чинија со зграна и објаснете му зошто не би требало да го прави тоа.

Цвеќињата и животните се живи битија, да бидеме нежни кон нив

Ако вашето дете ги кине цвеќињата или ги тегне домашните миленичиња, нагласете му дека тие исто така се живи битија и дека не е во ред да им нанесуваме болка. Така на детето ќе му помогнете да развие емпатија и свест за чувствата на другите. Учете го детето на одговорност и на тоа дека и кон животните и цвеќињата треба да се однесува со почит, како и кон луѓето.

Да користиме зборови, а не раце

Ова е добар пристап за да ја избегнете забраната: Не удирај го/ја братот/сестрата. Способноста на малото дете да разбере што значи да удира некого, е многу ограничена. Многу е важно веднаш да го прекинете удирањето или агресијата, а потоа мирно да му објасните на вашето малечко дека ударите не се користат кога сме лути. Кажете им да се прегрнат. Помогнете им да се смират кога се лути и прашајте ги што сакаат кога се тажни.

Не те разбирам кога викаш и плачеш, те молам кажи ми нормално што ти треба

Додека вашите малечки учат нови зборови и не се вешти во говорењето и составувањето реченици, можеби ќе викаат и ќе плачат кога ќе бараат нешто. Избегнувајте да им зборувате: Не викај! Наместо тоа, поттикнете го да комуницира со едноставни реченици. Кажете му дека не можете да го разберете детето кога плаче и поттикнете го да зборува со нормален тон. Најмоќната мотивација за детето ќе биде тоа што неговите зборови, чувства и желби ќе бидат разбрани.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close