Кафе муабет

Pacкол во семејството на Кеба: Овој потег на пејачот и неговата сопруга е доказ дека Северина и Игор се разведуваат? Парот се уште молчи за гласините!

Парот се уште не се огласил дали се вистинити гласините за разводот

Нема ништо ново во тоа што ќе прочитаме дека пукнала тиквата меѓу Северина и Игор Којиќ бидејќи тоа се шушка во медиумите веќе со месеци.

foto-story

 

Очигледно, е дека повеќе не постои семејната врска меѓу Драган Којиќ- Кеба и неговата снаа Северина.

 

 

Како што објавија медиумите, наводно пејачот, неговата сопруга Оља и нивната ќерка Наташа ја блокираа пејачката на социјалната мрежа Инстаграм, каде пејачката речиси секојдневно поставува фотографии .

 

 

Се погласни се и гласините дека пејачката и синот на Кеба, повеќе не живеат заедно.

Но интересно е тоа што по ваквиот потег на неговите родители и сестрата Наташа, сепак Игор се уште е следбеник на Северина, па ситуацијата е нејасна.

foto https://www.vecernji.hr/

Северина на социјалните мрежи постојано објавуваше заеднички фотографии со Игор Којиќ но веќе со месеци, нема ниту една заедничка фотографија што дополнително ги подгреа гласините за разводот на парот.

Инаку во јуни Игор преку фотографија на Инстаграм ги замоли дежурните душегрижници да престанат со шпекулациите за разводот.

 

 

– Општи покровители на мојот брак, од сигурни шумски извори. Доста е ако верувате во Бог, престанете – напиша Игор, алудирајќи на шпекулациите дека се разведуваат.

 

 

Сепак, Северина тогаш ги спомна свекорот и свекрвата, и жестоко му возврати на Игор:

– Покровители се Оља и Драган – напиша таа и додаде: – Ве молам, исклучете ме од ова.

По ваквиот коментар на пејачката,  Кеба и Оља избришаа неколку објави на кои се наоѓаше Северина од нивните профили, а многумина заклучија дека ова е наводно нивниот одговор на целата ситуација.

 

foto magazin balkan EU

Наспроти коментарот на Северина, неодамна во изјава за Ало.рс, популарниот пејач Кеба рече дека никогаш не се мешал во бракот на неговиот син и Северина, и дека не знае ништо за нивниот однос.

foto kurir.rs

Не знам каде се и какви се нивните односи. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат, и тие секогаш знаеја што да прават. Од друга страна, сè што прават, тие си прават на себе. Ако ме прашате, љубовта никогаш не треба да се објаснува, ниту може да се објасни. Никогаш не го користам зборот како оружје, ниту за одбрана ниту за напад, така ќе биде и овојпат. Само нека бидат живи и здрави и Господ нека им ја даде целата благодат и среќа во животот – рече Кеба.

 

Соседите на Кеба ги потврдиле гласините дека пејачката подолго време не ја виделе во соседството, и дека Игор повеќе не е со неа.

Постојано се пишуваше дека пејачката му се вратила на стариот живот, и речиси целото лето Северина Којиќ го помина во родниот Сплит и во друштво на своите стари пријатели.

 

Летово на настап во Сплит, новинарите кои го следеа концертот на пејчката забележаа дека Северина повеќе не ја носи ниту бурмата и тоа само ги потврди сознанијата дека брачниот пар Којиќ е на чекор до развод и дека Северина најверојатно веќе го започнала таквиот процес.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close