Дом и семејство
Ова овошје е клучно за плодност како кај мажите, така и кај жените!
Малините содржат високо ниво на витамин Ц кој што е клучен за плодноста кај мажите, како и магнезиум кој што е директно вклучен во продукцијата на тестостерон.
Доколку планирате да ’работите‘ на тоа да станете татко, јадете малини. Имено, научниците тврдат дека токму ова овошје ја зголемува шансата мажите да станат родители.
Малините содржат високо ниво на витамин Ц кој што е клучен за плодноста кај мажите, како и магнезиум кој што е директно вклучен во продукцијата на тестостерон. Освен тоа, ја заштитуваат спермата од оксидативен стрес.
Американската студија покажала дека мажите кои имаат повеќе од 44 години, а внесуваат големи количини на витамин Ц, имаат за 20 отсто помалку оштетена ДНК сперма од оние кои не консумирале таква храна. Освен кај мажите, малините многу добро делуваат и кај жените, со тоа што во голема мера го намалуваат ризикот од спонтан абортус.