Кафе муабет

Оваа зима носи љубовни изненадувања за неколку хороскопски знаци – проверете дали сте помеѓу нив

Есента ни се приближува, а полека почнуваме да размислуваме и за зимата која ни доаѓа.

Астрологијата уште од сега издвојува пет хороскопски знаци пред кои стои „најжешката“ зима во животот. Бик, Рак, Водолија, Лав и Стрелец – овие хороскопски знаци ќе ја почувствуваат посебната зимска магија.

Бик

Во текот на јануари и февруари 2021 година, вашата сила ќе игра клучна улога во љубовниот живот. Оние кои ќе ги запознаете ќе ви го подигнат моралот и редовно ќе ве потсетуваат на вашата креативност. Ова ќе биде одлично време да видите колку можете да го раширите своето срце. Колку повеќе време одвоите за работите кои ви помагаат да растете – толку подобро ќе се чувствувате оваа зима.

Рак

Интуицијата одлично ќе ве служи и поради тоа ќе развиете врска која позитивно ќе влијае на вашето мислење за себе. Нема да биде време да ја искажете вашата питомост. Бидете јасни во врска со вашите потреби и гледајте кој доволно ќе се издигне за да ги исполни и да го освои вашето срце.

Лав

Што сакате? Што навистина сакате? Ова не е време да влегувате во врски во кои ништо нема да правите, но не е ни сјаен момент да дозволите да владее вашето его. Силата е во вашиот знак, како и гордоста, а овие две работи може да бидат ваш најголем мотиватор, но и најголема пропаст.

Стрелец

Искуствата кои ќе ги доживеете оваа зима ќе ве подготват за големи промени на сексуален и на љубовен план. Обрнете внимание на сите работи кои прават да се чувствувате несигурно, параноично, нестабилно, како и на оние кои прават да се чувствувате спротивно. Кога ќе го постигнете ова, ќе ви биде јасно на во кој правец треба да ја насочите стрелата на љубовта.

Водолија

Можеби ќе имате чувство дека не е време за забавување со повеќе луѓе. Можеби нема да се чувствувате расположени за игри, флертување и контакти со очи. И тоа е сосема во ред. Последните неколку години ве научија да ги почитувате своите желби и потреби. Но, исто така ве научија на тоа да се грижите само за она што можете да го контролирате, а за другото и да не се грижите.

Немате власт над некои луѓе и тоа треба да го прифатите, за да можете да погледнете на многуте други срца кои чекаат на ред кај вас.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close