Градинка

Откријте кога си легнуваат децата на најсреќните мајки

Времето кога децата одат во кревет, влијае врз мајчиното здравје.

Време е за спиење! Тој магичен момент кога спијат малечките, а вие се фрлате во кревет и едноставно уживате во тишината, чаша вино, книга или филм кој сте го заслужиле. Но, дали тоа време за спиење е доволно рано?

Според едно неодамнешно истражување, одењето на децата во кревет порано, може да го подобри вашето ментално здравје.Од 2004 година, илјадици семејства биле дел од истражувањето кое го спровело Murdoch Children’s Research Institute од Мелбурн, под називот Growing Up In Australia.

Едно од најинтересните откритија до кое се дошло е тоа дека пораното заспивање на децата не само што довело до подобро здравје на децата, туку исто така го подобрило менталното здравје на мајките. Тоа било случај без оглед на тоа колку долго спијат децата, туку едноставно само времето за заминување на спиење било клучно.

Според резултатите од истражувањето, тоа „,магично време“ за одење во кревет е дефинирано околу 20:30 часот, што значи дека сите обврски во бањата, масажа, раскажување приказни, пиење вода и слично, би требало да ги извршите пред овој временски период, со цел малите во 20:30 часот навечер да може да заспијат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close