Бременост

Неколку знаци кои откриваат дека носите девојче

Според своето тело, може да го предвидите полот на вашето бебе.

Сигурно пријателите или членовите од вашето семејство за време на вашата бременост ви кажуваат одредени мислења и ви посочуваат на некои знаци по кои се ориентираат дали носите девојче или момче. Иако најсигурниот начин да го дознаете полот на вашето дете е ултразвукот, сепак, во продолжение ви прикажуваме неколку знаци кои ви откриваат дека можеби носите девојче.

Тешки утрински мачнини

Некои луѓе сметаат дека тешките утрински мачнини се знак дека сте бремени со девојче. Една студија од 2017 година открива дека жените кои ноаст девојчиња доживеале повеќе воспаленија кога биле изложени на бактерии, отколку што доживеале жените кои носиле момчњ. Но, потребни се повеќе истражувања за во целост да се сфати дали навистина постои врска помеѓу утринските мачнини и полот на детето.

Екстремно пореметување на расположението

Хормонските пормени во текот на бременоста честопати може да предизвикат промени на расположението. Некои мисалт дека жените кои носат девојче честопати имаат „чудно“ расположение.

Високо носење на бебето

Носењето на детето високо, честопати е знак дека тоа е девојче. Иако ова е популарно помеѓу народот, сепак, оваа информација не е научно докажана.

Желба за шеќери

Жените честопати имаат нови желби кога се бремени. Некои мислат дека кога жената тежнее кон повеќе благи работи, можеби носи девојче, додека пак тежнеењето кон солено може да значи дека носите машко.

Масна кожа и сува коса

Некои луѓе сметаат дека девојчињата им ја „крадат“ убавината на мајките. Поради тоа се верува дека ако имате масна кожа или сува коса, носите девојче.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close