Бебе

Забавно, но и напорно: Неколку нешта кои ќе се случат откако ќе прооди вашето бебе

Да, ќе бидете пресреќни затоа што вашето дете преминало на некој нов чекор. Погледнете што уште ве очекува.

Проодувањето на вашето дете е голем чекор во развојот, но и голема комбинација на забава и страв за родителите. Еве кои работи можете да ги очекувате откако ќе прооди вашето бебе.

1. Ќе бидете многу горди

Ако мислевте дека веќе претеравте со снимањето и фотографирањето на вашето бебе, почекајте додека прооди! Ќе бидете горди и ќе сакате да го снимите секој чекор и секое движење. Подгответе се на новата улога на „папараци“, затоа што вашето бебе често ќе паѓа баш кога ќе ја земете камерата.

2. Ќе имате нов помошник

Не заборавајте дека до сега вашето бебе ве гледаше како одите по дома и ги извршувате обврските, како хранење на кучете или чистењето на подот. Па, очекувајте мал помошник до вас. Иако звучи забавно, имајте на ум дека бебето ќе сака да стави в уста се’ што ќе допре, па внимавајте да не дојде до ситуација каде што ќе ги јаде нечистотиите од ѓубрето и слично.

3. Обувките може да ви бидат ноќна мора

Во почетокот не треба да се грижите за обувките додека сте дома, но откако вашето малечко ќе почне да доаѓа секаде со вас – одејќи, тогаш е време да купувате чевли. Купувањето чевличиња кои му прилегаат на вашето дете и со кои би можел слободно да се движи, може да биде долготраен процес. Всушност, облекувањето на чевлите значи дека ќе почнете се’ подоцна да излегувате од дома, особено кога детето ќе порасне малку повеќе.

4. Количката ќе стане речиси бескорисна

Откако ќе прооди, тешко дека ќе успеете да го седнете детето во количката. Кај повеќето деца тоа предизвикува напад на бес. Иако е одлично тоа што детето сака да ги покаже своите новостекнати вештини, тоа исто така значи дека одењето во продавница, па дури и кратките прошетки, ќе ви се чини дека траат „засекогаш“.

5. Ќе мора да имате очи и на „грбот“

Дури и ако детето оди многу бавно, ќе треба да го следите секаде затоа што доволно е една секунда невнимание и да се случи нешто. Секако, обидете се опасните работи да бидат подалеку од негов дофат и ако сметате дека е потребно, заштитете го домот со огради за скалите и слично.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close