MAMA

Науката вели: На мајките им треба масажа!

На мајките им треба редовна масажа.

Како мајки, мораме да научиме да бидеме добри кон себе. Зошто е толку тешко кон себе да се однесувате љубезно, исто како и кон другите? Мајките мора да разберат дека љубезноста и љубовта кон сопственото тело и ум позитивно влијаат на целото семејство. Депресијата може да има штетно влијание на сите во околината.

Првата мисла која ни доаѓа на памет кога ќе се спомене масажата најверојатно е опуштањето. Прекрасна лесна музика и масирање. Мирис на етерично масло или свеќи. Масажерка која не би требало ништо да зборува. Опуштање. Но, не е само ова.

Масажата го зголемува серотонинот и допаминот, одлични хормони поради кои се чувствувате добри и кои би сакале да можете да ги чувствувате секој ден, постојано. Затоа се чувствувате добро после убава и долга масажа.

Добро се вели дека ако мајката не е среќна, никој не е среќен. Ако не сакате да ги задржите фрустрациите во вас и истите да влијаат негативно врз вашиот партнер и децата, мора да се ослободите и да се погрижите за своето тело. Еден од начините да го постигнете тоа е да се „почастите“ себеси со една добра масажа која трае околу еден час. Тоа не е себично, туку прекрасно е!

Не можете да побегнете од лавицата која знае да се разбуди во вас, но можете да си направите нешто добро. Па, уште веднаш јавете се и закажете го вашиот термин кај вашата масажерка, никако нема да погрешите!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close