MAMA
Најсмешните работи кои ги слушнале родителите од оние кои се’ уште немаат деца
Дали и вие некогаш сте слушнале чудни коментари од оние кои немаат деца?
Во продолжение прочитајте едни од најсмешните работи кои родителите ги слушнале од пријателите и од личностите во нивната околина кои немаат деца.
Ќе се наспиеш кога ќе се породиш
Кога бев бремена, не можев добро да спијам бидејќи секоја положба беше незгодна. Па, еден пријател добронамерно ми рече: Најверојатно едвај чекаш да се породиш за конечно да можеш да се наспиеш.
Креативен подарок
Неодамна бевме во посета на нашите пријатели кои немаат деца, но навистина го сакаат моето. Кога слушнаа дека детето обожава да сложува слагалки, му донеа една од 1000 делови. Има три години.
Дете или маче
Кога добив син, еден роднина ме праша: Дали му се очите веќе отворени? Како да добив маче, а не дете.
Годишен одмор
Кога со третото дете отидев на годишен одмор, шефот ми рече: Уживајте во одморот!
Зошто не јаболко?
По породувањето, се обидував да дојам. Отидев во бањата, а кога се вратив, маж ми го хранеше новороденчето со јаболко.
Мал генијалец
Маж ми мислел дека децата почнуваат да разговараат на околу 3 месеци и радосно ја праша нашата пријателка дали нејзиното четиримесечно бебе зборува нешто смешно.
Спиење во сабота
Еднаш еден пријател без деца ме праша дали моето дете ќе спие подолго следното утро затоа што е сабота. Тоа навистина ме насмеа!