Кафе муабет

Најнежниот хороскопски знак кој секогаш го следи своето срце

Полн со емоции и со развиена емпатија.

Ракот е најнежниот хороскопски знак во Зодијакот кој шири убава енергија. Има развиена емпатија и многу е грижлив и секогаш се води исклучиво по срцето.

Овие личности имаат желба да се повлечат во сигурноста на својата школка со цел да се заштитат. Со овој емоционален зкак владее Месечината која симболизира мајчински инстинкт и носталгија.

Ракот е океан со емоции, а баш како што Раковите се прилагодуваат на океанските бранови, така се менува и нивното расположение. Тие се чувствителни и многу сочувствуваат со другите. Удобноста и емоционалната сигурност се важни за Ракот, па овие личности ќе ви го отворат срцето само ако почувствуват дека за возврат им се дава енергетска заштита.

Во љубовта се особено верни и полни со сочувствување. Од друга страна, тешко влегуваат во врска и се отвораат пред другите, затоа што се плашат да не бидат повредени. Најмногу им одговара рутината. За нив совршената љубов е мирно море, без турбуленции.

Во љубовта сакаат приватност, интимност и затвореност. Наместо излегување со големо друштво, сакаат, да излегуваат во друштво на партнерот и во семејниот дом, со романтична вечера или омилен филм.

Нивните совршени партнери се родени во знакот на Скорпија, Риби, Бик и Девица.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close