MAMA
Најлошите коментари кои можете да им ги упатите на родителите на едно дете
Оставете ги стереотипите во минатото...
Можеби целиот ваш живот имате слушано дека оние кои се единци во семејството или пак се родители на едно дете, имаат некој недостаток во животот. Сепак, постојат многу истражувања кои покажуваат дека децата единци имаат еднакви шанси да бидат среќни, здрави и добро да се прилагодуваат, како и нивните врсници со браќа или сестри. Децата единци растат поинаку, но еднакво се неверојатни!
Еве кои коментари не треба да им ги упатите на родителите кои имаат едно дете.
Сигурно твоето дете е многу осамено
Пред се’, постои разлика помеѓу „сам“ и „осамен“. За децата единци помалку е веројатно да се чувствуваат осамено, затоа што имаат повеќе искуства со самотијата. Имаат многу можности за игра со другите деца и честопати имаат богат внатрешен живот.
Нема кој да му помогне околу тебе кога ќе остариш
Иако ова технички може да биде вистина, не е сигурно дека оние кои имаат браќа или сестри ќе ја делат грижата околу своите родители. Сите имаме слушнато за по некој пример кога братот или сестрата одбиваат да останат со постарите и одбиваат обврски…
Не сакаш да порасне и да биде разгалено, нели?
Родителите на едно дете длабоко во себе имаат го всадено тој стереотип, па многумина претерано внимаваат да не му дозволат премногу на своето дете-единец. Секако дека детето единец ќе го добие целото внимание од родителите, но истражувањата покажуваат дека тоа е позитивно во смисла на самодовербата, постигнувањата, па дури и интелигенцијата. Тие дури и живеат подолго. Зар ова е толку страшно?!
Себична си што немаш уште деца
Себично ли е што не сака да си го ризикува животот со медицински компликации поради бременост во доцни години, што не сака финансиски тегоби, што можеби се чувствува премногу стара за уште едно бебе? Тоа се нарекува одговорност кон детето кое веќе го има!