Дом и семејство
Најчесто поставувани прашања во врска со тестовите за бременост
Дали и бледа линија значаи дека тестот е позитивен?
Ако видите втора линија на тестот, дури и да е многу бледа, најверојатно сте бремени. За тестот да покаже позитивен резултат вашето тело треба да излачува доволна количина на хЦГ за тестот да ја утврди. Може да добиете бледа линија ако не поминало толку време од зачнувањето колку што претпоставувате. За да бидете сигурни, направете уште еден тест за 2-3 дена.
Ако резултатот на вториот тест е поистакнат, ви честитаме! Ако вториот тест е целосно негативен, можеби сте имале многу рано пометнување. Се претпоставува дека 20-30% од бременостите завршуваат со пометнување, така што ова за жал не е многу ретка појава.