Кафе муабет

Мудра приказна која крие голема животна вистина: Кога ќе го сфатите ова, ќе го смените начинот на размислување

Животот е огледало на нашите дела.

Одвреме навреме вреди да се потсетите на оваа приказна…

Еден човек и неговиот син заминале в планина. Во еден момент детето се качило на еден камен и почнало да вика:

Ааааах!

Тогаш од планината одекнало: Ааааах!

Љубопитно, детето викнало: Кој си ти?!

Од планината се слушнало: Кој си ти?!

Детето се разлутило, па викнало: Кукавице!

Гласот одговорил: Кукавице!

Детето го погледнало татка си и го прашало зошто се случило ова. Таткото му рекло да обрне внимание што се случува и тогаш самиот тој викнал:Ти се восхитувам!

Гласот одговорил: Ти се восхитувам!

Таткото викнал: Прекрасен си!

Па гласот повторил: Прекрасен си!

Детето останало изненадено, не сфаќајќи што се случува. Тогаш таткото му објаснил: Луѓето ова го нарекуваат ехо, но тоа, всушност, е ЖИВОТ. Животот секогаш ти го враќа она што ти му го даваш. Ако сакаш повеќе љубов, давај повеќе љубов.

Ако сакаш повеќе добра, давај повеќе добра. Ако сакаш разбирање, труди се да ги разбереш другите…

Ако сакаш другите да бидат трпеливи со тебе и да те почитуваат, тогаш и ти биди трпелив со нив и почувај ги. Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа она што му го даваш. Твојот живот не е случајност. Тоа е огледало на твоите дела.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close