Брак
Отфрлете ги предрасудите: Мајките и понатаму се секси жени, не заборавајте го тоа!
Се чини дека постојат болни стереотипи за мајките.
Се чини дека постојат болни стереотипи за мајките. Можеби постои уверение дека жените се секси сѐ додека не ја рашират својата вагина за на свет да донесат свои потомци. Или пак стереотипите ги создале самите мајки, затоа што брзо заборавиле колку се убави и секси, поради многуте и неизбежни обврски кои ги чекаат. Без оглед на причините, мајките се секси, и тоа многу. Не само славните мајки кои се секогаш средени и уредни, туку и секојдневните мајки. Мајките кои ги врзуваат чевлите, подготвуваат ручек, менуваат пелени. Да, тие мајки се неверојатно згодни.
Заборавете на поимот дека женското тело на некој начин е „уништено“ со породувањето, затоа што тоа тело е премногу јако. Мајката има облини на вистинските места. Нејзините колкови изгледаат поинаку откако има деца. Таа е свесна за нејзината сила. Таа знае за болка и за жртва, затоа што тоа го има искусено. Таа знае дека, колку и да го сака нејзиниот маж, тој не ѝ е неопходен, затоа што во себе може да пронајде неверојатна храброст. Мајките знаат што сакаат и кога сакаат и немаат проблем да ги изразат своите желби.
Така, кога ќе размислете за мајките, отфрлете ги од глава панталоните со висок струк и широките маици. Тие жени се секси, и тоа премногу!