MAMA

Мајки, мислете на себе, опуштете се и покрај сите обврски кои ги имате

Мајките се преполни со обврски, но важно е да најдете време за да се опуштите.

Грижата за себе може да ви биде последна на ум кога сте преполни со обврски. Сепак, тоа е клучно за благосостојба и здравје. Иако секојдневно се грижиме за децата, важно е да се посветиме ина себе.

Не заборавајте дека со тоа им давате пример и на вашите деца да прават баланс со своите обврски и грижата за себе. Како да се ставите себеси на прво место?

Бидете си приоритет

Како родители, вие секогаш се грижите за другите. Пелени, хранење, бришење, чистење, пазарување, работа… непроспиените ноќи никогаш не поминуваат. Затоа не ви преостанува време да се грижите за себе.

Секогаш имајте на ум, кога сте добри кон себе, ќе бидете добри и кон другите. Не е тоа себично, тоа е основа на самопочитта. Затоа, важно е да најдете начин себеси да сте си приоритет. Светот ќе почека за вие да прошетате, да прочитате книга, да уживате во јога или непто што сакате и едноставно ве исполнува.

Дозволете им на децата да им биде досадно

Ако нешто слушаат родителите, тоа е реченицата: „Досадно ми е!“ Тогаш веднаш тргнувате во смислување идеи и интересни активности. Зошто мора непрекинато да ги забавувате децата? Дозволете им да им биде досадно! Не морате децата да ги штитие од досада.

Тука дури може да пронајдете и многубројни предности. Тоа ја поттикнува нивната креативност, потрага за нешто што би го правиле, па мозокот ја забрзува својата работа. Ако навистина им биде потребна помош, направете листа со работи кои секогаш може да ги прават во моментите кога ќе им е досадно. Ако не, нека ви помогнат во чистењето.

Пуштете ги да учат и да мислат самите за себе. Научете ги да ги решаваат проблемите, ад бидат мотивирани и да пронајдат сопствени интереси.

Дајте си себеси пауза

Иако најверојатно секој ден не можете да правите некоја пауза или да дремнувате, сепак, дајте си малку време кога тоа ви е потребно. Макар за кратко отидете во другата соба и опуштете се. Дишете. Сигурно откако ќе се вратите ќе бидете поспособни и подобро ќе функционорате.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close