Градинка
Одлики на силните мајки: Без нив, никој од нас не би бил таму каде што е денес
Ова се знакови дека сте одгледани од силна жена.
Секогаш ве охрабрува да го говорите она што го мислите
Силната мајка е чесна и искрена, и ве учи и вас на истото. Тие што се пораснати со ваков родител имаа добар вокабулар, и се поврзани со своите мисли и чувства.
Не ви кажува што да мислите, туку како сами да размислувате
Она што го читате и учите, го користите да размислувате и сами да формирате мислење на таа тема. Имате пристап до многу информации, ваше е да ги соберете сите тие информации и на крај самите да го донесе заклучокот. Силната мајка на ова ги учи своите деца, како сами да размислуваат, а не што да мислат.
Ве учи колку е важно образованието, без разлика дали сте момче или девојче
Таа ја знае и ја разбира важноста на доброто образование. Без него, ќе бидеме како празен лист хартија и ќе немаме што да понудиме. Но таа знае и дека доброто образование не се само скапите училишта или добрите оцени, се работи за обрнување внимание, читање литература, поставување на прашања и пронаоѓање на себеси.
Ве учи да си бидете сам на себе конкурент
Вашата мајка ве има научено дека ако работите напорно и се трудите, резултатите ќе ве наградат. Колку пати и да се најдете во тешка ситуација и да сте соочени со проблеми, нема да се откажете. Таа ве учи како да си бидете сам на себе најголем конкурент, и како да развиете отпорност.
Ја вреднува финансиската независност
Да се биде независен и доволен сам на себе, е една од главните особини кои ги красат силните мајки, и тоа се трудат да го пренесат и на своите деца. Ќе ве научи како да работите напорно и како да менаџирате со своите финансии.
Но покрај финансиската независност, ќе ве научи како да готвите, да чистите позади себе, да се грижите за вашето здравје и да ги цените правите вредности.
Ќе ви влее доволно самодоверба да бидете она што сакате да бидете
Ќе знаете кој сте и каде одите во животот. Ќе имате доволно самодоверба, нема да се срамите да се облечете како што сакате и да се изразите како личност, на начин кој вие сте го одбрале. Таа ќе ве охрабри да патувате, запознавате нови луѓе, да имате различни искуства, и никогаш да не се плашите да пробате нешто ново.
Ќе ве научи да сочувствувате
Една од најсилните особини кои ги красат луѓето кои се израснати од вакви жени, е таа да сочувствуваат. Тие ги учат своите деца да бидат нежни и да ги ппромовираат вистинските човечки квалитети.
Таа ќе ве научи како да ги зближите луѓето
Важноста на фамилијата, пријателите и заедницата, е една од најважните работи за една силна мајка. Таа ќе ви покаже дека ви се потребни други луѓе, и дека вие сте им потребни на нив. Ќе научите дека само со заедништво и силна поврзаност со луѓето, со пријатели и со помош на семејството, можете да напредувате во животот.