Градинка
Љубовта на бабата кон првото внуче – најсовршената љубов на светот
Љубовта на бабата е искрена, чиста и најубава во животот на секое дете.
Една кинеска поговорка вели: Најсовршена љубов е љубовта на бабата кон првиот вник. И тоа е вистина. Иако класичната слика за бабите за промени, тие секогаш ќе зазeмаат важно место во животот на децата.
Кога ќе го добијат првото внуче, некои жени чувствуваат дека со тоа доаѓа нивната старост. Меѓутоа, првиот контакт со малото дете ги исполнува со живот и им дава смисла. Бабите тогаш сфаќаат дека не само што ги изгледале своите деца, туку доживеале и да видат продолжување на нивната лоза.
Бабите се трудат да бидат поддршка и помош во животот на малото човече.
Кога жената ќе ја достигне оваа фаза, односот помеѓу мајката и ќерката се поправа. Тие стануваат пријателки, спремни се да разменуваат искуства. Треба да се напомене дека бабите играат важна улога во животот на внуците, затоа што им се голема емотивна поддршка.
Затоа родителите треба да го признаат нивниот труд и да бидат внимателни кон постарата генерација. Треба тоа да им го всадат и на своите деца.
Бабите сакаат да ја добијат љубовта на своите внуци и да им посветат што е можно повеќе време. Тие се полни со нежност, но се трудат да најдат рамнотежа помеѓу поврзаноста и слободата, притоа не губејќи ја својата волшебна улога.
Какви се вашите најуабави спомени со вашата баба?