Кафе муабет

Љубовта е едноставна и не боли, не’ болат нашите очекувања…

Ах таа љубов...

Една девојка отворено зборува за своите сеќавања за љубовта.

Ах таа љубов, некогаш утрата се добри кога ќе се разбудиме заљубени, понекогаш ја фрламе главата на перница и плачеме, солзи како да не’ преплавил бран од океан….

Се сеќавам додека бев млада, умеев да пронајдам безброј причини што не ми се јавува симпатијата. Сигурно така ми било полесно, отколку да си признаам дека не сум му многу интересна. Ми беше премногу болно и не ветуваше подобро утре.

Себеси буквално се терав да верувам дека е во гужва, дека ќе се јави, дека можеби не ја добил пораката. Премногу глупави изговори и изгубено време. Тоа чувство додека пред себе оправдуваш некој кој во суштина не се ни грижи за тебе, е нешто што решив да го избришам од својот живот.

Ми требаа 37 години за да си признаам себеси дека работите се многу едноставни. 37 години да не се мачам и да сфатим дека за љубовта не се моли. Некому му се допаѓаш или не. Просто е. Ако му се допаѓаш, сам ќе ти се јави, и кога очекуваш и кога не очекуваш. Ќе ти посака добро утро, ќе те повика на ручек, ќе ти даде јасно до знаење дека ти си таа.

Се’ спротивно од тоа е знак дека треба да се продолжи понатаму. Затоа што додека ти упорно се држиш до некој на кој не му е ни гајле за тебе, постои некој кој потајно се надева дека ќе го забележиш.

И колку помалку време потрошиш на некој кој не ти дава ни најмала шанса, толку помали се шансите дека ќе пропуштиш некој убав момент.

Очекувањата може да болат, а љубовта е најубавото чувство!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close