Кафе муабет
Коронавирус може да се пренесе и на оддалеченост од 5 метри: Светот е потресен поради изјавите на научниците!
Ова откритие се' уште не поминало стручна рецензија, но веќе предизвика расправии помеѓу експертите...
Група епидемиолози и експерти сега потврдиле дека активниот и заразен вирус, корона, може да се пронајде и во воздухот, објави Њујорк Тајмс.
„Луѓето го бараа токму ова. Ова е недвосмислен доказ дека во аеросолите постои заразен вирус“, вели Линзи Мар, една од научниците кои учествувале во истражувањето.
Истражувачката група на Универзитетот во Флорида успеала да изолира жив вирус од аеросоли, кој бил соберен на оддалеченост од два до пет метри од пациентите хоспитализирани поради ковид-19, што е повеќе од препорачанта дистанца која треба да ја одржуваат луѓето.
Ова откритие се’ уште нема поминато научна рецензија, но веќе предизвика расправии помеѓу експертите.
„Ако ова не е доказ, тогаш не знам што е“, напишала доктор Мар на Твитер.
Пренесување на вирусот со дишење, на поголема оддалеченост
Ако се потврди оваа студија, последиците би можеле да бидат сериозни. Името, тоа би значело дека коронавирусот може да се пренесе на многу поголема оддалеченост отколку што се мислеше до сега, што значи дека стандардните правила за држење дистанца од 2 метри, не би биле доволни.
Честичките кои го пренесуваат вирусот може да се појават на повеќе начини: кивање, кашлање, но и со самиот говор и дишење. Најмалите капкички, помали од 5 микрометри, во воздухот може да лебдат и по неколку часови. Со струењето на воздухот, како промаја, може да се пренесат и на далечина од повеќе метри.