Кафе муабет

Италијански народни мудрости: Никој не може да ви го земе она што ви го наменил Бог!

Оној кој се родил како магаре, нема да умре како коњ.

Постојат некои изреки кои во себе содржат голема доза мудрост, а истите се пренесувале од генерации на генерации. Во продолжение ви прикажуваме неколку италијански народни мудрости кои веруваме дека ќе ви се допаднат.

1. Постојат два начини да се карате со жената. Ниту еден не функционира.

2. Кој се познава себеси, го знае целиот свет.

3. Ништо не е невозможно ако го сакате тоа.

4. Сочувај ме Боже од пријателите, од непријателите можам сам.

5. Не судете им на луѓето по она што другите го зборуваат за нив.

6. Непријателот е најопасен кога делува поразено.

7. Одмаздата е јадење кое се сервира ладно.

8. Не го чепкај проблемот, додека проблемот не те чепне тебе.

9. Бог сака да разговара со оние кои молчат.

10. Годините го менуваат човекот, повеќе од книгите.

11. Никој не може да ви го земе она што Бог го наменил за вас.

12. Ако лажете, бидете кратки.

13. Не е доволно да знаете да заработите пари, потребно е да знаете и како да ги потрошите.

14. Подобро е да живеете еден ден како лав, отколку сто години како овца.

15. Одвреме-навреме сослушете некоја будала – можеби ќе дознаете нешто вредно. Но, никогаш не се расправајте со нив.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close