Дом и семејство

Искрена жена објаснува: Еве зошто сме горди што имаме само едно дете

Кои се предностите кога имате само едно дете?

Аби Јакобс, горда жена и мајка, објаснува кои се предностите кога детето ви е единец.

Мојата ќерка Софи само што направи 6 години, но и покрај тоа што јас и сопругот во целост сме задоволни со нашето семејство кое брои три членови, постојано сум соочена со прашањето за тоа кога ќе имаме уште деца и колку е погрешно да се има само едно дете, од една или од друга причина.

Така, за сите оние кои поставуваат слични прашања на пријателите кои имаат едно дете, оваа жена ви ги открива следниве предности кои ви ги носи детето единец.

„Речиси никогаш не ја слушам фразата ‘тоа не е фер!’“

Никогаш не се обидува постојано да се споредува со другите, затоа што е задоволна со она што само таа го има.

„Имаме вишок пари“

Не, не сме богати, но јас и мојот сопруг работиме, а нашата ќерка не оди во приватно училиште. Тоа значи дека имаме средства за да одиме на одмор неколку пати годишно, за факултет и удобен дом. Ако таа посака да се занимава со уметност или карате, нам нема да ни биде тешко да ѝ го дозволиме тоа, како што е тоа случај кај некои наши пријатели кои имаат три или четири деца. Тие се под постојан стрес затоа што не знаат како ќе платат за се’.

„Можеме да ги задоволиме и сопствените интереси“

Не чувствувам дека некоја врата ми е затворена. Ако сакам да се вратам во училиште или да почнам да се занимавам со некое ново хоби, навистина не сум спречена во тоа.

„Се’ уште можеме да патуваме“

Софи има пасош откако наполни 2 години и е најдобар мал партнер на нашите мали патувања.

Како и да е, туѓите коментари секогаш ќе постојат, најважно е ние да бидеме среќни и задоволни со она што го имаме!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close