MAMA

Социјален живот со дете: Еве кои видови пријателки треба да ги има секоја мајка

Раѓањето дете не значи крај на социјалниот живот.

Повеќето мајки ќе се сложат со тоа дека социјалниот живот сосема им се менува по раѓањето на првото дете. Вечерите со приајтелките, патувањата и спонтаните излети во текот на викендот, секогаш доаѓаат во втор план. Но, секоја мајка треба да ги има овие видови пријателки во својот живот, без разлика на тоа колку деца има.

Пријателка која има дете

Сите жени кои стануваат мајки имаат моменти на несигурност во кои им е потребен совет. Тогаш најчесто се обратуваат на своајта мајка или бараат совет од пријателка која веќе поминала низ фазата на мајчинството. Поради тоа, пријателката која има дете е важен извор на знаење во родителството и учењето за грижата на новороденчето.

Нова мајка

За мајката која неодамна се породила, нема ништо подобро од долг разговор со пријателката која, исто како и таа, има темни кругови околу очите од неспиење, предизвикани од малото бебе.

Пријателка со други приоритети

Во своја непосредна близина би требало да имате и пријателка со која нема да разговарате само за бебето, зашто таа во таа тема не се пронаоѓа. Нема да ви поставува прашања за бебето и нема да ја интересираат многу тие преслатки фотографии, како ни вашето искуство со породувањето. Таа со вас ќе разговара на различни теми кои ќе ви помогнат да се опуштите и да уживате во моментот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close