Градинка

Еве како да се забавувате со вашите деца за време на празниците

Направете моменти за паметење!

Празниците се веќе пред нас, а ова е време резервирано за забавни активности и создавање прекрасни заеднички спомени. Во продолжение погледнете краток список на активности со чијашто помош ќе се забавувате и ќе уживате со вашите најмили.

Таинствена торба

Во вреќа или платнена торба ставете неколку предмети од вашиот дом (на пример играчки, сигурни кујнски предмети…). Кажете им на вашите малечки да ги затворат очите и само со рацете да допираат и да погодуваат кои предмети се кријат во таинствената торба. Играта можете да ја повторувате со различни предмети.

Божиќни украсни машни

Користете украсни лепливи машни за да се забавувате со вашите малечки. Лепењето машни по ѕидовите може да ви пружи бескрајна забава, а исто така ја поттикнува и вашата креативност.

Пишување приказни

Ако вашето дете знае да пишува, поттикнете го да напише своја сопствена кратка приказна. Ако му треба инспирација, дајте му некоја стара изрека или пак нацртајте му некоја слика и за таа да измисле приказна. Со тоа ја поттикнувате креативноста, имагинацијата, а го вежбате и пишувањето.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close