Кафе муабет
Дури откако ќе станеш родител, ќе сфатиш дека твојот татко сепак сакал чоколадо
Важно е само твоите деца да бидат среќни...
Кога ќе станеш родител, одеднаш сфаќаш дека твојот татко можеби цело време сакал чоколадо. Дека твоајта мајка сигурно сакала модерна фризура, или ја сакала онаа крофна за појадок, и онаа дебела јакна која ѝ се допаѓала, но сепак премолчела.
Кога ќе станеш родител, не можеш да се сетиш кога последен пат си ги остварил своите желби за купување нешто, кога последен пат си ја изел последната палачинка по која копнееше цела ноќ. Можеби кога сите други би одбиле. Дали некогашното „Не сакам, не сум гладна“ на твојата мајка, некогаш било вистина, или сепак таа се плашела дека ќе нема да остане за тебе?
Попрво ќе му дадеш на детето, отколку на себе
Најверојатно и вие, како и повеќето, сте имале фаза во која сте мислеле дека вашите родители се старомодни. Зошто татко ти секогаш ги носел истите панталони, а мајка ти долго време не ја обновила гардеробата? Да, така мислиш кога си тинејџер.
Но, кога ќе станеш и самиот родител, ќе сфатиш дека тие всушност биле старомодни затоа што се труделе ти да бидеш во чекор со модата. Кога си бил дете, да ја имаш онаа играчка која многу си ја посакувал. Кога си тинејџер, да ги имаш оние алишта кои ги носат повеќе твои врсници. Кога ќе тргнеш на факултет, да имаш доволно средства за студирање…
Не му требаат на татко ти нови фармерки, ниту на мајка ти нова ташна. На татко ти и мајка ти им е доволно ти да имаш се’ што може да ти дозволат.