Uncategorized

Животот во 38 квадрати може да биде комфорен- направете го просторот за живеење совршен!

Совети како да уредите мал стан!

Многу млади брачни парови, кои се во потрага по нов дом, како по дефиниција сметаат дека тој треба да биде голем, за да биде и конфорен. Но не. Дури и дом со мала квадратура, можете да го уредите така што ќе биде сосема доволен, а доказ за тоа се токму овие станови.

Еден од најпознатите дизајнери за интериер во Париз, преобликува стан од 38 квадратни метри што може да го видите на фотографиите и од незабележливиот и лошо уреден простор сега стана едно мало, драгоцено, интимно катче со отворена кујна, одлична бања и прозрачен просторот го претворија овој стан во модерно место за живеење.

За време на реновирањето, кујната беше отворена за да се добие пространа и сончева површина на станот а акцентот е ставен на белата боја на орманите. Особена топлина дава светлото дрво.

За да се добие поголем простор, кујната е отворена кон дневната соба, во која има мала трпезарија.
Кујната е одделена од ходникот со низок ѕид и стакло, што дава чувство на пространост и дозволува светлината да навлезе во остатокот од станот.

За да се добие поголем простор, а и да има доволно плакари во домот, ходникот максимално е искористен. Во него се направени вградени плакари и повторно доминира белата боја

Плакарите го опкружуваат влезот во бањата и сето тоа изгледа совршено и доволно комфорно.

Кога се решавате за нов дом, или за реновирање, особено мора да внимавате на бојата на подот. Во овој случај светлиот паркет е одличен детал на станот. Нареден во шема на рибина коска, тој носи визуелна динамика во просторот. Бојата на подот особено одговара на работна површина на кујната па така се добива совршена целина.

Можете да додадете модерни детали доколку сакате да добиете романтично катче со префинет стил.

Дизајнерката Марина Меренкова, исто така дава одлична идеја за уредување на мал стан од 40 квадрати, за млад брачен пар без деца.

Во овој случај акцентот е ставен на дневната соба која е дизајнирана за релаксација и дружење. Главно просторот е окупиран од ТВ комода и место за читање. За среќа, има два прозорци и многу природна светлина. Што се однесува до самата опрема, со ограничен буџет, дизајнерката решила да заштеди максимално. За sидовите користела комплексни бои, па така темно сина боја преовладува во спалната соба а тиркизната во останатиот простор.

Но бидете внимателни со одбирање на тонот на бојата на ѕидовите, бидејќи може да добиете многу темен простор. Поради тоа се препорачува да преовладува бела боја на мебелот, и светла боја на подот.

Овој стан доби мала но многу практична кујна, удобно место за читање и поставување книги, домашна канцеларија и доволно простор за складирање без да се рушат ѕидовите.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close