Градинка

Дозволете им на децата да одат боси, да се качуваат по дрвја

Дозволете им да растат како што растевме ние повеќето

Дозволете им на вашите деца да растат на начинот на кои растевме ние, надвор, на свеж воздух, честопати од утро до мрак, по сонце, на дожд, на мраз… По некоја повреда или настинка се мала цена за драгоценото искуство кое ќе го стекнат надвор.

Качување по дрво. Правење колачи од кал. Градење куќички од гранки. Смислување игри кои ќе траат повеќе денови. Играње по дожд. Кампување… Дали се сеќавате на некои од овие работи од вашето детство? А сега, какви игри играат нашите деца? Колку често вашето дете има можност за вистинска, слободна игра? Дали му се нуди прилика да се извалка или пак го криете под стаклено ѕвоно, плашејќи се дека може да се повреди?

Нема сомнеж дека современиот начин на живот е исполнет со обврски. Работа, училиште, дополнителни активности после училиште, домашни обврски, домашни задачи… сето ова ни го троши времето како и времето на нашите деца. Децата кои раснат пребргу и немаат многу време за игра. Тоа не е проблем само кај мал број, туку речиси на целото општество. Сепак, времето за игра е од суштинско значење за децата до сите возрасти, не само за бебињата и претшколската возраст.

За среќа, не е толку тешко да се врати во нормала играта. Доколку сакаме да му пружиме прилика на детето да ужива во детството, мора да направиме неколку постапки и да ги олабавиме стегите и нивните обврски. На децата им е потребен простор да ја развиваат својата способност за проценување ризик. Кога тие се впуштаат во различни активности, секојдневно среќаваат различни искуства и сфаќаат што им е закана, а во што уживаат.

Дозволете им да одат боси. Додека шетат боси, им се активираат сетилата, а со тоа и самодовербата и сигурноста. Одењето боси ги зајакнува мускулите на стапалата и нозете.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close